Поповски: Многу сонце, но посвежо утро
Објавено: 22 септември, 2025, во 08:15 часот
„Територијата на Македонија и понатаму останува под влијание на Антициклон (Поле на висок воздушен притисок). Токму ова услови денешното утро, понеделник, 22 септември, да биде ведро и сончево без никаква облачност. Претежно е тивко и без некој изразен ветер.
Денешното утро и понатаму е посвежо, но со повисоки минимални температури за разлика од изминатите утра.

На табелата можете да ги видите денешните минимални температури на воздухот измерени утрово до 8 часот по градови на мерните станици на УХМР,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк

