Чешка ги отвора границите за 29 европски земји од 15 јуни, Македонија не е на списокот
Објавено: 2 јуни, 2020, во 09:22 часот
2.06.2020
Чешката влада објави дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29 европски земји.
Владата, исто така, наведува дека граѓаните на 19 држави кои се сметаат за безбедни во моментов, ќе можат да влезат во Чешка без никакви рестриктивни мерки, додека граѓаните од уште 10 земји ќе треба да покажат негативен тест на коронавирус.
Според соопштението, граѓаните на Австрија, Финска, Норвешка, Исланд, Германија, Швајцарија, Лихтенштајн, Хрватска, Словенија, Грција, Словачка, Полска, Унгарија, Романија, Бугарија, Кипар, Естонија, Литванија и Летонија ќе можат да влезат во Чешка без потребен тест.
Граѓаните на Данска, Ирска, Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Португалија, Шпанија, Андора и Италија, земји за кои се смета дека се изложени на ризик заради моменталната состојба во врска со пандемијата на коронавирус, ќе можат да ја преминат чешката граница само доколку имаат негативен тест за Ковид- 19, пишува АП. Во спротивно, тие ќе треба да одат во карантин.
Северна Македонија не се наоѓа на ниту еден од овие списоци.


