Во недела на 7 јуни прво авионско третирање против комарци во Велес

Објавено: 2 јуни, 2020, во 14:14 часот

avionprska fin

2.06.2020

Првото авионско третирање против комарци ќе се врши со средство „Цицерон 20“ од страна на кумановската фирма „Бониер“. Авио прскањето ќе се реализира помеѓу 5 и 6.30 часот.

Авио третирањето ќе го опфати градот, „Езеро Младост“, населеното место Отовица, месноста Јарбош, течението на река Вардар од Башино село до вливот на реката Бабуна како и село Горно Караслари потоа населбите Превалец, Керамидна и Горно Оризари.

Од Општина Велес побараа  пчеларите, поради безбедноста на пчелните семејства, во недела да ги затворат кошниците со пчели и нивното отворање да не биде порано од 3 до 4 часа по завршување на авионското прскање.

Доколку временските услови не го дозволат авионско третирање против комарци во недела на 7 јуни тоа ќе се помести за еден ден подоцна, поточно за понеделник 8 јуни, годинава./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.