Затворени и велешки во 15-те објекти за продавање небезбедна храна на ученици од АХВ
Објавено: 17 ноември, 2025, во 09:58 часот
Петнаесет сендвичарници, бурекџилници и продавници за храна, во Скопје, Битола, Велес, Штип, Прилеп, Струмица, Сруга, Охрид, кои се наоѓаат, во и околу, основните и средни училишта, односно таму каде учениците најчесто купуваат храна, добиле забрана за вршење на дејност од Агенцијата за храна и втеринарство.
„Изречените забрани за вршење на дејност се во рамки на 445 инспекциски контроли кои АХВ ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од каде учениците најчесто купуваат храна, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
Со спроведените контроли утврдено е дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а од вкупно контролираните, 26 не биле регистрирани како опратори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.
„Шеснаесет оператри немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна, додаваат од АХВ.
За утврдените недоследности изречени се и парични казни за 77 оператори, во вкупна вредност од 36.470 евра во денарска противвредност. Издадени се 103 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности и изречени се и 23 опомени.
Во акцијата која била спроведена на територијата на целата држава, инспекторите на АХВ изрекле и парични казни за 77 оператори со храна, во вкупна вредност од 36.470 евра во денарска противредност.
Дума.мк


