Откриено неовластено лице од Пепелиште – производител на димени месни производи, АХВ го санкционирала
Објавено: 29 октомври, 2026, во 14:32 часот
Агенцијата за храна и ветеринарство oткрила физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое вршело неодобрена дејност на произведодство и продажба, преку социјалните мрежи, на димени месни производи и чварки.
Агенцијата исто така од неовластениот производител одзела дополнителни 50 килограми подготовки од месо поточно печеница, кулен, димена сланина и слични прехрамбени производи. Производите биле без декларација за потеклото и чувани како и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови.
Убавка Јаневска


