Започна пријавувањето за регионалното „24-часовно цртање на стрипови“
Објавено: 19 ноември, 2025, во 10:06 часот
Четиринаесетото издание на регионалната манифестација „24 часовно цртање на стрипови“ е веќе во тек. Организаторите како и учесниците се подготвуваат за едно од најдинамичните годишни собири на стрип-авторите во регионот.
Пријавувањето може да се острави преку линкот кадешто можат да се најдат и повеќе информации. Томе Трајков, стрип промотер од Велес ја изразува својата благодарност за поддршката којашто ја добил и од стрип соработниците и пријателите од Хрватска.
-Уште еднаш го изразувам задоволството што стрип соработниците и пријатели од Хрватска кои уште од 2023 веднаш ја прифатија мојата иницијатива за мобилизирање на македонските стрип автори, додава Трајков.

Годинашната акција ќе се одржи од 29 ноември во 12 часот до 30 ноември во истото време, со истовремено цртање на повеќе локации, поточно во Подгорица, Госпиќ, Херцег Нови, Сомбор, Љубљана, Осиек, Риека, Сплит, Загреб и новододадениот пункт во Скопје.
Паралелно, учесниците можат да се приклучат и од дома, преку онлајн-платформата, што веќе е вообичаена практика за македонските автори од различни градови.
Манифестацијата, иако организирана спонтано, има долгогодишна основа. На светско ниво ја иницирал реномираниот стрип теоретичар Скот Мек Клоуд, а во регионот ја развива авторот Дарко Мацан на Академијата во Загреб.
-Оваа акција низ годините бргу се проширува. Уште една специфика е што оваа регионална иницијатива е сосема независна од светската акција, којашто се организира во октомври, завршува Трајков.
Стефани Манева
