Во Кавадарци лишени од слобода маж и девојка кои возеле без дозвола мотоцикл и мопед

Објавено: 29 мај, 2026, во 14:54 часот

Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци, вчера претпладне во 09:50 часот  го лишиле од слобода Д.Р.(60) од Кавадарци на улица „Западен Булевар“ и пет минути подоцна Н.Ј.(20) од Кавадарци на улица „Гоце Делчев“ во Кавадарци затоа што немале возачки дозволи.

„Д.Р возел мотоцикл „ркс“, со кавадаречки регистарски ознаки а Н.Ј возела мопед „кимко“ со кавадаречки регистарски ознаки, пред да се стекнат со право на управување. По насоки од јавен обвинител Д.Р и Н.Ј. биле приведени во полициска станица, мотоциклот и мопедот биле одземени и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.