Тешко повреден работник во кавадаречка фирма

Објавено: 3 јануари, 2026, во 12:03 часот

Во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, во 11:00 часот било пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен З.А.(59) од село Марена, кавадаречко.

-Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во фабрика во Кавадарци. За настанот известен бил трудов инспектор, соопшти Ана Милевска Георгиева портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.