Велешанец со забрана и фалсификувана возачка дозвола управувал „бмв“, полицијата го лиши од слобода и му го одзеде автомобилот

Објавено: 3 февруари, 2026, во 13:31 часот
Фото: Архива

При сообраќајна контрола, утрово, во 02:40 часот, на ул: „Димитар Влахов“ во Велес полициските службеници го лишиле од слобода И.Т (29) од Велес.

„Полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, И.Т (29) од Велес при што тој на увид приложил возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати, за која постои сомнение дека е фалсификувана и која му била одземена. Додека пак, во македонската возачка дозвола е впишана активна забрана за управување на моторно возило. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено,“ соопшти Министерство за внатрешни работи.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.