Четврти ден механички се отстрануваат сувите наслаги и трска од крајбрежниот појас на езерото „Младост“ од страна на браната
Објавено: 4 февруари, 2026, во 10:58 часот
Во изминатите три дена ЈПВ „Лисиче“ со механизација на АД „Водостопанство“ го чисти од суви наслаги и сува трска брегот на езеро „Младост“ од страната на плажите и патот до браната и хотелите. Според слободна проценка исчистени се околу 5000 метри квадратни од планираната површина на западната страна на езерскиот брег. Станува збор за спроведување на планираните активности за чистење на брегот од втората фаза.
-Механичко отстранување на сувите наслаги и сувата трска од крајбрежниот појас на езерото „Младост“ е во соработка помеѓу ЈПВ „Лисиче“ – Велес и АД „Водостопанство“ и со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За реализација на активностите, обезбедена е вкупна финансиска поддршка од 6.000.000 денари, од Програмата за водостопанство. Работиме на ревитализација на езерото со цел подобрување на квалитетот на водата и дополнување на акумулацијата со свежа вода, рече Ванче Маневски, директор на ЈПВ „Лисиче“ од Велес.
Според планот на реализација на работата и временските услови, во наредните пет до 10 дена со механичкото чистење на крајбрежјето планирано е да се исчисти до позиција на која што се наоѓа брод ресторанот.
Убавка Јаневска


