Совет на општина Велес, утре, одржува седница, еве за што ќе расправаат 23 членови

Објавено: 16 февруари, 2026, во 14:24 часот

Седма седница на Совет на Општина Велес ќе започне со поставување на советнички прашања. Членовите ќе расправаат за Деловникот за работа, за Кварталниот извештај за минатата, 2025 година, ќе носат одлуки за измена на распоредот на средства во општинскиот буџет за 2026 година за потребата од спроведување проект за ангажирање на лица за теренско прибирање на податоци за утврдување на данок на имот, на физички и на правни лица, за неколку годишни Програми за работа како и по Решенија за вработување на лица во локални институции.

На дневниот ред на седницата, која што претседателот Даниел Јаневски ја закажа со почеток во 9 часот, ќе се решава и за престанок на мандати на членови на Управни одбори на локални институции како и за именување на нови а ќе носат одлуки и за пренамени на површини кои се наменети за реализација на урбанистички проекти . Исто така, Советот ќе биде информиран за најновата состојба на езеро„Младост“, за работата на Полициска станица Велес во 2025 година и ќе го разгледаат финансискиот и наративен извештај на „Спортски игри 2025“.

Предложениот Дневен ред на седмата седница на Совет на Општина Велес е следниот:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.