Нови обилни врнежи од дожд кои ќе преминат во снег

Објавено: 17 февруари, 2026, во 09:04 часот

„Под влијание на нов длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот залив и негово проширување кон Јонското море со својата долина ќе пристигне и во Македонија  и ќе ни донесе нова голема промена на времето. Вторник, 17 февруари, ни носи нови обилни врнежи кои поради наглото заладување  и продорот на ладен воздух од север проследен со засилен до силен ветер од северен правец (над 70 км/час)ќе преминуваат во врнежи од снег прво на повисоките населени места а попладнето и вечерта врнежи од снег ќе има и во пониските предели, особено во западните и во северните предели од Македонија.

На планините  и на скијачките центри снежната покривка значително ќе се зголеми и за повеќе од 20 сантиметри ќе се прошири а мала снежна покривка е можно да се формира  и во дел од градовите во западните и во северните предели од Македонија. За време на овој нов обилен бран на врнежи ќе наврне ново големо количество на воден талог особено во западните предели и тоа над 30 литри на метар квадратен за 24 часа.

Во Скопје  и околината, исто така, ќе имаме пообилни врнежи од дожд а на околните планини ќе врне снег но поради заладување проследено со силен северен ветер, врнежи од снег ќе има и во околните повисоки предели од Скопскиот регион.

Да напоменам дека повторно поради очекуваните обилни врнежи расте опасноста од ново излевање на реките. особено во западните  и во северозападните предели на Македонија, па така постои ризик од нови поплави. Токму поради ова апелирам возачите да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците.

Што се однесува до температурата таа ќе се искачува во интервалот од 1 до 9 степени меѓутоа доцна попладне  и навечер таа дополнително ќе опаѓа. Во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 6 степени,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.