Повторно неготинец возел без положен испит, приведен е во полиција и одземено му е возилото
Објавено: 17 февруари, 2026, во 11:16 часот
Триесе и шест годишниот Д.С. од село Тимјаник, неготинско, кој управувал моторно возило марка „цитроен“, вчера, во 16:30 часот, бил запран во сообраќајна контрола на крстосница од улиците „Фемо Кулаков“ и „Марксова“ во Неготино кога било констатирано дека возел без да има положен возачки испит.
„ По насоки на јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Ана Милевска Георгиева портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


