Со „паметни“ решенија за поголема безбедност, Кавадарци поставува смарт светилки на пешачките премини
Објавено: 18 февруари, 2026, во 15:10 часот
Општина Кавадарци започна со реализација на проект за зголемување на безбедноста во сообраќајот, фокусирајќи се на најранливата категорија – пешаците. Денеска, на една од најфреквентните локации во градот, на спојот меѓу улиците „Илинденска“ и „Партизанска“, беа монтирани 12 смарт светилки пред самите пешачки премини.
Овие современи светлосни елементи имаат за цел драстично да ја подобрат видливоста на пешачките зони, особено во вечерните часови и при лоши временски услови.

„Целта на овие смарт светилки е да им го привлечат вниманието на возачите навреме, со што директно се влијае на зголемување на безбедноста на сите граѓани кои ги преминуваат овие сообраќајници. Доколку овој пилот-проект се покаже како ефикасен, во наредниот период планираме вакви светилки да поставиме и на други клучни улици низ целата територија на Кавадарци“,соопштија од општината.
Проектот доаѓа како одговор на потребите за посигурен градски сообраќај и примена на паметни технологии кои веќе се стандард во европските метрополи.
Убавка Јаневска


