МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Крајот на февруари ни носи вистинска пролет
Објавено: 23 февруари, 2026, во 09:00 часот
„Целата седмица која што ни претстои, во Македонија, температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината. Ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и на значително потопла воздушна маса од југ и таа ќе услови да имаме многу повеќе сончеви периоди, суво време како и натпросечно топло како што претходно напоменав.

Температурите особено во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија неделава ќе се искачат и до близу 20 степени што значи дека температурите ќе бидат пролетни.
Натпросечно топло време ќе имаме во најголем дел од Европскиот Континент и на целиот Балкан по долгиот период на врнежливо и многу нестабилно време.

Уживајте во пролетното време во февруари кое не очекува во последната седмица од месец февруари,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк


