Возете внимателно од Скопје кон Велес, по тунел Катланово, паѓаат камења и има одрон на една лента

Објавено: 23 февруари, 2026, во 19:28 часот
Фото на патници по автопатот

„По тунелот од Скопје кон Велес, кај Катланово, има голем одрон на една лента. Паѓаат камења и е опасно,“ пријавија случајни патници по автопатот. Тие испратија и фотографија која е снимена вечерва, во 18:51 часот.

Од страна на Центарот за управување со кризи, случајот е пријавен во ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци, како и во МВР – во нивниот оперативен центар, соопштија од Центар за управување со кризи.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.