Цветен и полн со разновидни ракотворби е кафетерискиот дел од улицата „Благој Ѓорев“ во Велес (видео и фото)
Објавено: 5 март, 2026, во 16:31 часот
Голем број на природни цвеќиња во саксии и подготвени буќети, разни декоративни подароци, уметнички предмети и накит е само дел од понудата за граѓаните на годинешниот Осмомартовски базар. Дваесетте тезги се полни со подароци а ракотворките и цвеќарите подготвени ги чекаат купувачите. Тие се поставени на кафетерискиот дел од главната градска улица „Благој Ѓорев“ кој од денеска е посебно убав поради колоритноста на боите и разноликоста на производите кои се нудат на продажба пред одбележувањето на денот на жената.
На тезгата на хуманитарката Ленче Здравкин постојано доаѓаат жени и покажуваат интерес за изложените рачни ракотворби.
Специјално подготвени уникатни осмомартовски подароци нуди и ракотворката Ратка Толевска. „Љубов“ е инспирација за секоја нејзина подготвена рачна изработка.
Прв ден е и дождот беше причина за првата кратка дислокација на уникатните рачни изработки коишто ги подготвија ракотворките специјално за овогодишното одбележување на празникот на жената.


Велешанки и особено велешани имаат можност подароците за своите девојки, сопруги и пријателки да ги купат на базарот кој што ќе се одржува до недела, 8 Март во Велес.
Убавка Јаневска



