Пролетно сонце во Македонија: Не очекуваат натпросечни температури

Објавено: 6 март, 2026, во 08:55 часот

„Денес и утре (6 и 7 март) територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на релативно топла  и стабилна воздушна маса од југ која ќе услови да имаме претежно сончево и релативно топло време преку ден со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ќе има  и појава на мала локална облачност.

Во Скопје  и околината времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево како и релативно топло преку ден.

Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени а преку денот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени и ќе бидат над просекот за овој период од годината. Тоа значи дека преку ден не очекува вистинско пролетно време.

Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта до близу 0 степени а преку денот таа ќе се искачува до околу 17 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.