Акција за засадување на садници на ветеранките на ЗГ „Акцијаш ветерани“ на Спомен костурница по повод 8 Март (видео и фото)
Објавено: 7 март, 2026, во 14:40 часот
За вкупно 32 садници ископаа дупки во кои потоа ги засадија садниците акцијашките ветеранки на ЗГ „Акцијаши ветерани“ на Спомен костурница во Велес. Тие денешната акција ја посветија на утрешниот празник, 8 Март – меѓународниот ден на жената.


Поточно засадени се по осум садници на јасен, на бор и на јоргован на првата парцела од тревникот веднаш до објектот чувара на културно историскиот споменик во градот додека осумте трендафили се засадени во првата жардинијера во дворот на Спомен костурница.

Акцијашките ветеранки денеска имаа помош и од малата Мила, од подмладокот на акцијашкото здружение.


Со засадување на садниците, нашите колешки дадоа придонес во оплеменување на првата парцела под новоизградениот пат до самиот објект Спомен костурница додека акцијашите ветерани им приредија закуска и им подарија цвеќе во чест на денот на жената, рече командантот на Работната бригада “Кочо Рацин“, Аспор Каров.

На дружбата што потоа им ја организираа колегите акцијаши ветерани се испеаја повеќе бригадирски како и македонски народни песни.
Убавка Јаневска


