Кавадарци гради Спа-центар, како доградба на спортско рекреативниот објект – затворен базен
Објавено: 9 март, 2026, во 10:37 часот
На 240 м2 се гради новиот Спа-центар во Квадарци. Објектот е доградба на спортско рекреативниот објект – затворен базен во градот. Спа-центарот ќе располага со парна бања, сауна, џакузи, топли лежалки – клупи, дел со тушеви, соблекувални, простории за масажа, претпростор со тоалет и туш за масажа како и технички простории.

-Знаеме дека Спа центар е благодет како за младите така и за граѓаните во поодминати години. Треба да биде завршен до месец октомври, годинава, за да може временски да се вклопи во новата сезона. Станува збор за донација од Владата чија инвестиција изнесува 500 милиони евра. Тоа што е најзначајно е што Спа центарот е што ќе има топла врска со затворениот базен кој што ќе треба да биде готов до 2 Август, значи пред започнување на новата учебна година, со што учениците ќе добијат можност веќе од септември, на часовите по физичко образование од пливање а и да ги користат услугите на Спа центарот кога тој ќе биде готов. Значи во текот на работниот дел од неделата, во претпладневните часови ќе го користат учениците а во попладневните часови како и во деновите на викендите, комерцијално граѓаните на Кавадарци, рече градоначалникот Митко Јанчев.

Сопственик на Спа центарот како и на затворениот пливачки базен ќе биде Општина Кавадарци а со нив ќе управува ЈП „Спортски центар – Јасмин“ кое исто така стопанисува и со Ски центар „Михајлово“. Инаку двата нови капитални објекти. Затворен базен и Спа центар се инвестиции кои чинат 100 милиони денари.

Реконструкцијата на отворениот со изградбата на затворениот базен и Спа центарот се сериозни инвестиции за коишто Општина Кавадарци има проекти. Тоа беше пресудно за финансиската поддршка од страна на Владата, соопшти д-р Стојанче Рамов, Претседател на Совет на Општина Кавадарци.

-Со овие капитални објекти воведуваме содржини коишто за нас како кавадарчани досега беа непознати. Да бидам искрен, реално, за нас како општина и ЈП “Спортски центар Јасмин“ кое ќе раководи со менаџирањето, преставува голем предизвик и се надевам дека кога трите содржини ќе бидат достапни за корисниците ќе биде потребно да направиме рамка на функционирање затоа што освен што беше тешко да ги добиеме уште потешко ќе биде нивното одржување. Ќе треба да го зголемиме бројот на содржини и да се грижиме за нивната функционалност за потребите на нашите сограѓани. Особено Спа центарот за кои што сме пионери во Република Македонија бидејќи нудиме парна бања, турска бања, сауна, џакузи, топли лежалки – клупи, дел со тушеви, соблекувални, простории за масажа, претпростор со тоалет и туш за масажа како и технички простории, додаде д-р Рамов.
Тој констатираше дека ова се содржини од капитални објекти кои придонесуваат за современ и модерен развој на Кавадарци.
Убавка Јаневска


