Во Градски парк Велес, во сабота, покана од Армијата за дружење со граѓаните

Објавено: 31 март, 2026, во 11:07 часот

Армијата ќе постави опрема и возила и ќе изведе показна вежба со службени кучиња и ќе ги демонстрира вештините, дисциплината и способноста при извршување на специфичните задачи, во сабота на 4 Април во Градски парк во Велес. Сите овие предвидени целини на програмата на манифестација „Професионалци и сојузници: Армијата за граѓаните“ со која Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ и Командата за обука и доктрини се дел од одбележувањето на 4 Април – Денот на НАТО, Денот на Првата Пешадиска бригада и 15 Април – Денот на Командата за обука и доктрини како и најава на претстојни вежбовни активности на македонската Армија.

-Ова е ретка можност од непосредна близина граѓаните да ги погледнат дел од опремата и борбените возила како и да разговараат со припадниците на Армијата кои секојдневно се грижат за нивната безбедност, соопшти Командата за обука и доктрини во Касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес.

Оттаму ги поканија велешани да дојдат во временскиот период од 11:00 дo 14:30 часот на овој организиран настан за да се дружат во релакцирана атмосвера .

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.