Пијан гостин направил неред и кршел во угостителски објект во Велес

Објавено: 6 април, 2026, во 14:32 часот

Се опил, дрско и непристојно се однесувал 36 годишен маж од Велес во угостителски објект во градот. Инцидентот се случил вчера вечер, околу 23:00 часот и бил пријавен во Сектор за внатрешни работи Велес.

„Полициски службеници од СВР Велес во 23:10 часот го приведоа Д.Т.(36) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес, го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и кршел предмети. По преземени мерки било констатирано дека Д.Т. бил по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти велешката полиција.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.