Утре бесплатно мерење на шеќер и крвен притисок, задутре презентирање на нова опрема во велешка Општа болница

Објавено: 6 април, 2026, во 12:06 часот

Екипи составени од лекари и медицински сестри на Општа болница Велес  утре, вторник, 7 Април, со почеток во 11:00 часот на платото пред зграда на Театар “Џинот“ бесплатно ќе им проверуваат на велешани шеќер во крв и ќе мерат крвен притисок. На Светскиот ден на здравјето екипите со здравствени работници на болницата ќе останат се додека постои интерес од страна на граѓаните, информираа од велешката болница.

Годинава, главниот настан со којшто ќе се одбележи праникот ќе се одржи ден подоцна, на 8 април, кога Јавната здравствена установа Општа болница Велес ќе презентира нова медицинска опрема.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.