Малолетник со моторцикл ,без возачка дозвола, лишен од слобода за учество во сообраќајка со автомобил во Велес

Објавено: 10 мај, 2026, во 11:56 часот

Фото: Архива на Дума.мк

Сообраќајната незгода се случила вчера, во 13:10 часот, на ул: „Димитар Влахов“ во Велес, по која што полициски службеници лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Велес затоа што констатирале дека го возел моторциклот без возачка дозвола.

„По сообраќајната несреќа помеѓу мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетникот и патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Л.(23) од Велес биле преземени мерки и извршени проверки во кој што било констатирано дека малолетникот го управувал мотоциклот пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица  и со него бил извршен службен разговор во присуство на претставник од Центар за социјални работи Велес. Мотоциклот бил одземен и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.