Нова телефонски измамена жена со лажни информации за операција, скоро 4 илјади евра и биле земени во двор на велешка болница
Објавено: 15 мај, 2026, во 13:13 часот
Измамата е пријавена вчера, 14 мај, во 14:30 часот во СВР Велес,од страна на 58-годишна жена од село во општина Градско. Жената пријавила дека била измамена за сума од 240.000 денари.
„Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар во Општа болница Велес и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болницата со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати, а парите да ги донесе во болница. Како што е пријавено, во дворот од болницата ја пречекало женско лице на кое ги дала парите, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска



