Викенд со невреме во Македонија
Објавено: 22 мај, 2026, во 08:26 часот
„Под влијание на циклонска активност со центар југоисточно од државата, во деновите петок 22, сабота 23 и недела 24 мај, во Македонија повторно очекувам поголема дестабилизација на атмосферата. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензвни во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец со брзина од 50 до 60 км/час, со електрични празнења како и со услови за појава на град.
Во делови од Скопската котлина во погоре споменатиот период ќе има услови за појава на невреме со обилен пороен дожд, силен ветер од северен и од североисточен правец, со брзина од 50 до 60 км/час, со електрични празнења како и со услови за појава на град.
Наутро температурурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 18 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Во Скопје и околината, наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 14 и 16 степени а преку денот ќе се искачува во интервалот помеѓу 24 и 26 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк


