Се запали сува трева и ѓубриште во Башино Село, гаснеа велешките пожарникарите спасители

Објавено: 28 мај, 2026, во 10:21 часот

Пожарот во Територијална Против Пожарна Единица Велес бил пријавен вчера попладне, во  17:40 часот. По примената дојава за запалена сува трева и ѓубре во Башино Село

Седум пожарникари спасители со две против пожарни возила учествувале во интервенцијата. Тие по пристигнување на лице место го затекнале пожарот во развиена фаза. По брза интервенција огинот бил ставен под контрола, локализиран и потоа изгаснат.

Од страна на Територијална Против Пожарна Единица Велес се апелира до граѓаните за внимателност поради покачување на температурите и топлото време.

„Доколку забележите пожар – пријавете на 112 или на 193!“ апелираат од ТППЕ Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.