Објавени победниците на зонскиот „Плазма спортски младински игри“- Велес најверојатно ќе биде домаќин и на регионален натпревар
Објавено: 29 мај, 2026, во 14:03 часот
Екипите: „Црвени стрела“ предводена од професор Лазо Радевски во ракомет девојчиња, „ВГ Сикс-Севен“ предводена од професорка Весна Николова во баскет 3×3 момчиња, „Магија“ предводена од професор Александар Тодоровски во маалската игра „Народна – 2015“, „Зајчиња“ предводена од професор Марјан Петров во маалската игра „Народна -2017“ од велешките основни училишта се пласираа за учество на регионалниот спортски натпревар „Плазма спортски малдински игри“. Директен пласман на државниот натпревар во Македонија стекнаа ученикот Ѓорши Ѓоргиевски на ООУ „Св.Кирил и Методиј“ кој го освои првото место во атлетика – трчање на 60 метри во конкуренција на момчиња и Марија Кирова ученичка на ООУ„Блаже Конески“ како победничка во трката на 60 метри во конкуренција на девојчиња.

Учество на регионалното натпреварување од Свети Николе обезбедија екипата „Овче – Гол“ во фудбал 2015 момчиња. предводена од професор Јована Владева и екипата „Виктори Глс“ во баскет 3×3 девојчиња предводена од професор Александар Радев. Директно натпреварување на државно ниво обезбедија атлетичарката Ена Радев, ученичка на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – трчање на 60 метри во конкуренција 2017 и ученикот Дамјан Петрушевски на ООУ „Панко Брашнаров“ во конкуренција 2015 момчиња.

На регионалниот натпревар од Лозово ќе учествуваат екипите „Галактикос“ во фудбал 2011 – момчиња и „Лозово“ во фудбал 2011 – девојчиња предводени од професор Љупче Димковски.
Според професорката Снежана Каракачанова, координаторка на овој зонски натпревар на „Плазма спортски младински игри“ кај поединечните спортови како што е атлетиката победниците директно ќе се натпреваруваат на државен додека од екипните спортови ќе има регионални натпревари и регионалните победници ќе се борат на државно ниво за да ја претставуваат Македонија, во месец август, во Сплит во Хрватска. Најверојатно Велес ќе биде домаќин и на регионалниот натпревар на „Плазма спортски младински игри“ кој што ќе се одржи во месец јуни, годинава.
Убавка Јаневска


