Возач на „лада“ се здобил со тешки повреди кога неговиот автомобил се излизгал надвор од патот кај мост на село Виничани

Објавено: 1 јуни, 2026, во 12:35 часот

Д.П (65) од Скопје го управувал моторното возило и се здобил со тешки телесни повреди откако,вчера утро, околу 08:25 часот, тоа излетало надвор од регионален пат Велес-Градско во близина на мост Виничани.

Возачот бил транспортиран од Итна медицинска помош на велешки Здравствен дом во Општа болница Велес каде му била укажана здравствена помош.

-Пациентот  бил примен на Одделение за хирушки болести и по прегледи на дежурни специјалисти направени биле повеќе снимања на Компјутерски томограф. Резултатите од снимањата покажале дека тој се здобил со повеќе скршеници на лева рака. Поради потреба од интервенции за санирање на здобиените тешки повреди веднаш е транспортиран во Ургентен центар на скопски клиники, соопшти портпаролката д-р Ана Марија Џунџева.

Од Сектор за внатрешни работи (СВР Велес) соопштија дека увид на местотот на сообраќајната незгода извршила нивна Увидна екипа.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.