Без вода селата Пепелиште и Криволак со Армискиот полигон

Објавено: 12 јуни, 2026, во 12:38 часот

Дефектот на трафостаница кај бунарите во Пепелиште причина е за прекинот на водоснабдувањето на населените места Пепелиште и Криволак заедно со полигонот на АРМ кои се снабдуваат со вода од истиот водоснабдителен систем.

Од ЈП „Комуналец“ Неготино соопштија дека екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот. Штом го отстранат ќе се нормализира водоснабдувањето за сите потрошувачи на вода за пиење во овој дел на општината како и потребите на Армиски полигон „Криволак“, објави Тиквеш инфо.

Комуналците побараа трпение од граѓаните и целосно разбирање се до санирање на проблемот.

Дијана Иванова

Фото:Тиквеш инфо

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.