Повеќе пријави за закани во Кавадарци, едно лице приведено
Објавено: 22 јуни, 2026, во 12:49 часот
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци синоќа во 22:47 часот го лишиле од слобода В.К. (54) од Кавадарци, по претходна пријава дека упатувал закани кон А.М. (71) и неговиот син Г.М., двајцата од Кавадарци.
Според информациите од СВР Велес, А.М. пријавил и дека на 17 јуни годинава М.К. (52) од Кавадарци му се заканувал нему и на неговата сопруга. Од друга страна, М.К. пријавил дека и тој бил мета на закани од страна на Г.М.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Во одделен случај, вчера во 13:00 часот во ОВР Кавадарци, 46-годишен жител на градот пријавил дека на социјална мрежа биле објавени негова фотографија и текст со заканувачка содржина од профил со податоци на машко лице.
За настанот е известен јавен обвинител, а надлежните служби преземаат мерки за негово целосно расчистување.
Убавка Јаневска


