Апликацијата „МојДДВ“ привремено недостапна поради техничка надградба

Објавено: 23 јуни, 2026, во 10:10 часот

Управата за јавни приходи (УЈП) ја извести јавноста дека апликацијата „МојДДВ“ денеска, од 12:00 часот, ќе биде привремено недостапна поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата.

Од УЈП информираат дека прекинот е поврзан со миграција на системот на нова инфраструктура, со цел да се обезбедат поголема сигурност, стабилност и достапност на услугата за корисниците.

Надлежните посочуваат дека техничките активности се дел од процесот на модернизација на системите на Управата за јавни приходи и додаваат дека апликацијата повторно ќе биде ставена во функција веднаш по нивното завршување.

Од УЈП им се заблагодарија на граѓаните за разбирањето и трпението за време на привремената недостапност на услугата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.