Д-р Чолакова Дервишова: „Повторувањето е мајка на знањето! Чувајте се!“
Објавено: 29 јуни, 2026, во 15:33 часот
Лекарката и Претседателка на Здружение на приватни лекари на Македонија, д-р Лилија Чолакова Дервишова, само што во статус на социјалната мрежа Фејзбук сподели важни информации за здравјето на граѓаните на пеколни жештини. Д-р Чолакова и во телефонскиот контакт со Дума.мк рече дека почувствувала за потреба да напише и потсети дека граѓаните не треба да заборават дека на пеколни жештини треба да се однесуваат одговорно кон личното здравје.
Во статусот на лекарката пишува:
“Repetitio est mater studiurum! – Повторувањето е мајка на знањето!
На овие високи температури,немојте да пиете ладна вода од фрижидер која е замрзната или 2 на степена на кои што воопшто работат фрижидерите- им правите стрес на цревата!!!
На овие високи температури немој да пиете алкохол,се шират крвните садови,може да прсне некој крвен сад и да проработат хемороидите!!!
Во најжешкото консумирајте многу малку храна или пијте природна лимонада,но никако многу ладна!!!
Немојте бањати и да седнете пред клима која директно би дувала во Вас!!!
Сите активности што треба да ги направите,сработете ги рано наутро или касно навечер!!!
Носете памучна облека за да диши телото!!!
Туширајте се често!!!
Поздрав и чувајте се!!!“
Убавка Јаневска


