Амфитеатар на Младински парк станува претесен простор за одржување на ИФФ „Велес“ – фестивалската завеса спуштена и по 21 пат впечатоците на публиката одлични (видео и фото)
Објавено: 6 јули, 2026, во 15:21 часот
Четири вечери преполн Амфитеатар на Младински парк со огромен дел на публика која два и повеќе часа стои, откако не наоѓа место за седење, а сепак од најдлабокиот дел на душата пее химни и со најдолги аплаузи ги наградува кореографиите на фолклористите кои успеваа да ја дигнат на нозе или да ја извлечат до сцена, како на последната вечер, за да танцува мексикански танци. Не изостанаа ниту овациите кога полските фолклористи на Македонски јазик ја пееја нашата најубава народна песна „Македонско девојче“ или додека со кореографијата „Радовишки собор“ на фестивалската бина душата и телото го оставија играорците на македонското исселеничко друштво „Македонски бисери“ од Сиднеј, Австралија, исто како и избликот на емоции кои ги пренесоа нивните колеги од „Гоце Делчев“ од Мелбурн.

Уникатниот седум осмински такт во кореографиите на сите културно уметнички друштва и ансамбли од државава како и на трите велешки „Керамичар“, „Коле Неделковски“ и „Вила Зора“ го убрзуваше адреналинот како на играорците така и на публиката. И се чинеше дека никој на сцена не обрнува внимание на капките пот кој течат по челото затоа што важни беа предизвиканите бројни моменти на овации кои покажуваат среќа, радост и добро расположение на публика.

За овие моменти живеат цели 21 години и организаторите на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ со намера еднаш годишно во својот град да донесат разновидна културно уметничка понуда на програма на што поголем број светски јазици и од што повеќе земји и континенти во светот.






И ако се прифатат двата предлози, по одлично напишаните сценарија на четирите фестивалски вечери и изведените програми на учесниците кои би биле „ ИФФ „Велес“ да завршува со свечено спуштање на преубавото знаме на фестивалот, знамињата на Македонија и на Велес, исто како на свеченото отворање кога додека трите се подигнуваат се изведуваат македонската и химната на Општина Велес кои ги пејат стотици грла, па и со фаќање на оро ( одлично би било и на Велешкото рамно) од страна на публиката, тогаш останува само да се констатира општиот впечаток дека меѓународниот фестивал го надрасна просторот во кој се одржува и реномето кое што две децении посветено го гради! Па затоа заслужено, трета година, член е на CIOFF -Светска организација на фолклорни фестивали.

Се друго е посебно задоволство да се гледа, доживее, архивира и сочува во спомените.
Убавка Јаневска


