Велешани му се враќаат на Градски парк – предлагаат мало освежување, повеќе клупи и ништење на гнездата со комарците (фото)

Објавено: 6 јули, 2026, во 16:15 часот

Граѓани кои уживаат во спокојот и тишината на Градски парк, вчера вечер, можеа да се забележат на десеттици места во ова култно место на постарите генерации кои раснеа а некои и старееја со спомените од доживувањата на дневната или вечерна парковска шема во Велес. Групите беа мали, претежно семејни посетители, кои откако не нашле места на дрвените клупи, кои се дел од поставената градска урбана опрема, седеа на од дома донесени или столици поставени од страна на киосците за продажба на освежителни пијалоци. Нивните деца за игра ја користеа добро искосената парковска трева или се возеа на детски играчки по патеките во паркот.

Просторот околу култното место „Црвенкапа“ или сега „Езерце“ скоро да беше празен а за него како и за пешачењето по патеката покрај река Вардар посетителите имаа само една забелешка: „Да се најде спас од гнездата на комарци кои премногу касаат“.

-Со обновеното осветлување, внатре, во Градско парк, недостасуваат мал број на светилки, кои би го направиле уште по безбеден и по посакуван за време на пеколните летни вечери. Се разбира за сите граѓани кои сакаат да избегаат од жешкиот велешки асфалт и бетонски плочи на кои вообичаено се пие вечерното кафе, предлагаа дел од посетителите.

Вчера вечер полни беа и спортските терени во предниот дел на оваа урбана градска целина. Таму забележавме голем број на рекреативци. Тие вечерта си ја исполнија со играње мал фудбал, одбојка на песок, тенис а имаше и групи на претежно млади сограѓани кои ги користеа справите за вежбање.

Не мал број од присутните граѓани потврдија дека паркот често го користат од почетокот на минатиот месец и побараа негово скромно доуредување и нешто поголем број на киосци за освежување, по некој рефлектор и поголем број на места за седење.

Убавка Јаневска

ФОТО ГАЛЕРИЈА од синоќешниот престој на велешани во Градски парк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.