Девојче од Кавадарци падна од лулашка и почина во Гостивар
Објавено: 10 јули, 2026, во 13:39 часот
Несреќниот случај во кој што Ш.Н (14) од Кавадарци го загуби животот се случил вчера вечер околу 20:00 часот во парк во Гостивар. Девојчето престојувало во Гостивар и по падот од лулашката било итно пренесено во јавна здравствена установа.
Во 20:55 часот, дежурен лекар констатирал здобиени тешки телесни повреди кои биле причина за настапување на смрт.
Според информации на Министерство за внатрешни работи (МВР) за настанот бил известен јавен обвинител, кој наредил телото на починатото дете да биде предадено на обдукција. По целосното утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата, надлежните институции се очекува да соопштат дополнителни информации и детали.
Убавка Јаневска


