Гореше тревата кај паркингот на Автобуска станица Велес, пожарникарите – спасители гаснеле и зафатени браници на паркирани автомобили
Објавено: 10 јули, 2026, во 15:04 часот
Дојавата за пожарот на паркингот над Автобуска станица Велес во Територијалната против пожарна единица (ТППЕ) Велес била примена во 13:45 часот. Во телефонскиот повик пожарникарите – спасители биле информирани за запалено патничко моторно возило.
Шестмина од нив со едно против пожарно возило се упатиле кон посочената локација.
-По пристигнување на лице место, глетката беше поинаква затоа што затекнавме како гори тревата помеѓу патот и паркингот додека автомобилите беа паркирани токму во тој дел. Од огнот имаше зафатени пластични делови воглавно на браниците на најмалку 6 паркирани возила. Интервенцијата беше брза и огнот не дозволивме да направи поголема штета, рече Димче Јордановски – Командир на ТППЕ Велес.
Тој апелираше до граѓаните да не палат оган на отворен простор. Исто така и доколку забележат пожар веднаш да пријават на бесплатните телефонски броеви 122 и 194.
Убавка Јаневска


