Кој ја слави Огнената Марија е сигурен во жетвата – не смее денеска ниту конец да се протне во игла

Објавено: 30 јули, 2026, во 08:30 часот

Македонската православна црква и верниците, денеска, го слават празникот на Светата великомаченичка Марина, позната кај народот како Огнената Марија. Нејзината рака се наоѓа во манастирот Ватопед на Света Гора. Таа е почитувана како борец за христијанската вера и заштитничка на жените. На овој ден, не се работи никаква работа, особено не се работи на нивите.

Обичаи и верувања

Некои православни семејства ја слават Огнената Марија како празник на крштевањето. Празникот не е обележан со „црвена боја“ во црковниот календар, но сепак светителката е многу почитувана и во црквата и меѓу народот.

Меѓу народот се верува дека Огнената Марија е сестра на Свети Илија, кој казнува со гром, и е еден од „огнените“ светци.

Според традицијата, таа се крие од својот брат кога е неговиот празник, за Свети Илија да не се заборави во својата среќа и прослава па да го уништи целиот свет со гром. Но, Марија исто така гори и казнува со оган, поради што била наречена Огнена.

Традицијата зачувала примери кога на овој ден огнови гореле жито, сено и домови на луѓето што згрешиле работејќи на празникот Огнена Марија.

Неа ја слават сите оние што претрпеле штета од гром и од бури. Една народна поговорка вели: „Кој ја слави Огнена Марија е сигурен во добра жетва“.

Обичај е да не се работи никаква работа на овој празник, кога „небото и земјата горат“ поради големата жештина, особено да не се работи на полињата.

Всушност, денеска, никој не работи, ниту жените, бидејќи се верува дека ниедна работа не може да донесе среќа денес.

Меѓу народот се вели дека на Огнена Марија „не вреди ни да се протне конец во игла“.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.