Пронајдено тело на починат маж во неговиот дом
Објавено: 3 август, 2026, во 11:21 часот
Починатиот 67 годишниот маж од село Бањица бил откриен вчера претпладне, 2 Август, во неговиот дом и случката била пријавена во Полициско одделение Чашка на Сектор за внатрешни работи Велес. Оттаму соопштија:
„На 02.08.2026 во 10:00 часот, во ПО Чашка било пријавено дека во домот во село Бањица, општина Чашка бил пронајден починат Т.Ј.(67) од село Бањица. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција“.
Убавка Јаневска


