Сончево и многу топло време со температури до 40 степени
Објавено: 11 август, 2026, во 08:56 часот
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од 14 до 20 Целзиусови степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 32 до 40 степени.
Во Скопје се очекува претежно сончево и многу топло време, со слаб до умерен ветер од северен правец.
Топлото време ќе се задржи и утре, а од четврток наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
Дума.мк


