Сончево и топло, попладне локално поројни дождови

Објавено: 18 август, 2026, во 08:24 часот

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови локално ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 29 до 38 степени. Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.