Издумани Крлевизми: За сиромавиот еден денар е два денари
Објавено: 21 август, 2026, во 14:31 часот
Одвоите време и прочитајте ги афоризмите што за Вас, читателската заедница на Дума.мк, секој петок ги објавуваме а се напишани во изминатата седмица од афористичарот и сатиричар Крлевски. Тие гласат:
„Хуморот го прави животот во боја. Но има и црн хумор.“
„Од баналностите никој не избегал. Дури и Гинис.“
„Лавот ми е омилено животно, но никогаш не сум гушнал лав.“
„За сиромавиот еден денар е два денари.“
„Има и грди насмевки. Насмевките на лицемерните.“
„Умирањето од смеа го продолжува животот.“
„Во третото доба се доживува втора младост. Протезите не пречат.“
„Шегаџијата е добитник, а потсмевачот – губитник!“
„Квантитетот е квалитет на лагите. Една вистина, а многу лаги.“
„Жал ми е за паричникот и фрижидерот. Водат празен живот.“
Атанас Крлевски



