Се играл фудбалски натпревар во Берово, млади на журка во Делчево

Објавено: 18 август, 2020, во 10:32 часот

topka fin

18.08.2020
Со симптоми на Ковид – 19 се тесира група на млади од Берово која престојувала на одмор во Охрид, а дел биле на забава во локал во Делчево. Денеска се очекуваат резуталтите од тестовите на на оваа нова група.

Денеска заседаваше Кризниот штаб на Општина Берово, откако во неделата беше погребана 57-годишна медицинска сестра, додека нејзиниот сопруг, исто медицинско лице, директор на Здравствениот дом во Берово, се лекува во болницата „Жан Митрев“ во Скопје. Неговото здравје се подобрува, откако го минува третамнот на филтрација на крвта. По сопружниците, како што дознаваме, уште неколку членови на нивното пошироко се позитивни на Ковид 19.

Општинскиот Кризен штаб на Берово по денешниот состанок, побара од инспекциите засилени контроли. Овој повик особено е упатен до Пазарниот инспекторат во Берово, на чиј терен деновиве се одржал фудбалски натпревар со масовно присуство на луѓе. Засега нема реакции од инспекциите.

-Утре на состанок ги повикавме сопствениците на угостителските објекти, уште еднаш да укажеме на потребата од почитување на здравствените мерки за заштита. Не смееме да дозволиме натамошно ширење на вирусот, изјави Звонко Пеќевски, градоначалкник на Берово.
Градот и околината се полни со туристи, кои главно се сместени по викенд населбата. Од Кризниот штаб забележуваат дека гостите ги почитуваат мерките, меѓутоа, поголема опасност е однесување на беровчани и забележаното групирање.

Во Берово по подолга пауза има шест позитивни случаи на Ковид – 19, а 12 се во изолација. Јавното комунално претпртијатие и денеска ќе ги дезинфицира јавните површини, влезовите пред банките и другите институции, каде има зголемена посета од граѓаните. До граѓаните е упатен апел за поголема грижа за сопственото и туѓото здравје, преку почитување на пропишаните мерки за заштита.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.