СВР Велес со апел граѓаните да продолжат да ги почитуваат законските правила и прописи

Објавено: 27 август, 2026, во 12:13 часот

Безбедносната состојба на територијата на Општина Велес е стабилна, без регистрирани поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. И покрај зголемениот број повратници од странство во овој период, како и бројните јавни манифестации со голем број присутни граѓани, состојбата е стабилна, а институциите продолжуваат со засилено следење на теренот, вели Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

-Во изминатиот период во Велес беа реализирани низа културни и спортски настани при кои што во делот на јавниот ред и мир, не се регистрирани нарушувања од поголем обем. Во насока на зачувување на јавниот ред и мир но и целокупната заштита и безбедност на граѓаните, полициски службеници на СВР Велес, особено од Отсек за превенција, секојдневно реализираат низа превентивни активности, додаде Милевска Ѓеоргиева.

Таа упати апел до граѓаните да ги политуваат законските правила и прописи со цел на одржување на поволната безбедносна состојба во градот и околината.

Дијана Иванова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.