Во Кавадарци, ФК „Тиквеш“ и ФК„Вардар“ ги поделија бодовите

Објавено: 31 август, 2026, во 19:32 часот

Во последниот натпревар од петтото коло во Првата македонска фудбалска лига, вечерва во Кавадарци, фудбалерите на „Тиквеш“ и „Вардар“ одиграа нерешено 1:1.

Домаќините беа подобри на почетокот на натпреварот и во 21-та минута стигнаа до водство преку Камара додека само четири минути подоцна ситуацијата за „Тиквеш“ значително се промени. Директен црвен картон доби фудбалерот Лавал додека “Тиквеш“ до крајот на натпреварот играше со 10 фудбалери.

Тоа за „Вардар“ беше голема предност што ја искористи уште во првото полувреме кога фудбалерот Омерагиќ постигна гол и го изедначи резултатот на 1:1.

Во вториот дел на натпреварот сепак и со играч повеќе актуелниот шампион не успеа да направи пресврт па „Тиквеш“ на свој терен освои бод.

Така, „Тиквеш“ стигна до осум бода и до третото место, додека Вардар со освоениот бод се наоѓа на петото место и со еден бод помалку.

На табелата прва е ФК„Шкендија“ со 15 бода а зад неа додека на втората позиција се наоѓа ФК„ Струга“ со 10 бода.

Ангел Јаневски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.