Топло време, наместа најава за нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Објавено: 1 септември, 2026, во 09:02 часот

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималните ќе достигнат од 31 до 37 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.