Малолетник возел мопед, во спотивна насока, на улица во Велес, бегал од полиција но завршил на информативен разговор

Објавено: 2 септември, 2026, во 14:00 часот

„На 01.09.2026 година во 10:00 часот на улица „11 Октомври“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес забележале мопед кој се движи во спротивна насока, а возачот кога ги забележал полициските службеници го паркирал мопедот и побегнал. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мопедот го управувал 14-годишен малолетник од Велес. Со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Велес. Мопедот бил одземен и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.