СЗДМ со барања до Министерството за здравство пред објавување на новиот тендер за набавка на терапија
Објавено: 19 август, 2020, во 14:28 часот
19.08.2020
Сојузoт на здруженија на пациенти со дијабетес на Македонија (СЗДМ) од Министерството за здравство бара Усвојување на национален план за превенција од дијабетес 2020 – 2030 и Изработка на национален регистер за лица со дијабетес.
„Водејќи се од потребата за добра евиденција и увид во моменталната ситуација, потребно е државата да го креира овој национален регистар со точна бројка на лицата со дијабетес, по тип на дијабетес, возраст, пол, место на живеење и сл. Транспарентно достапниот регистер ќе биде сериозен темел за да се изработи националната стратегија за справување со дијабетесот. Изработката на оваа национална стратегија сметаме дека треба да биде доделена на стручната јавност и во креирањето на истата да бидеме вклучени и ние како национален сојуз“, пишува во барањето на сојузот.
Исто така во барањaта е напишана потреба од организирање на едукативни кампови за деца и адолесценти со дијабетес, набавка на најсовремени достапни терапии, набавка на сензори за континуирано мониторирање на гликемиите, глукометри, ленти, ланцети и инсулински игли како и унапредување на грижата за пациентите со дијабетес во услови на COVID 19.
„Сметаме дека Министерството за здравство, со значително повисоко ниво ќе ги унапреди квалитетот на услуги за прегледи кај специјалисти: дијабетолози, ендокринолози, офтамотолози, кардиологија, неврологија и нефролози, за навремено откривање на можни комбордитети. Предлагаме измена за системско решение за континуирана достапност на стручна психолошка поддршка на нашите пациенти. Сите интернисти кои имаат право да пропишуваат инсулинска терапија сметаме дека треба да имаат право да ја пропишуваат и новата современена терапија, за разлика од сегашното решение согласно кое само одреден број на интернисти (центри за дијабетес во рамки на општи и клинички болници), имаа привилегија да лечат со современа терапија. Сметаме дека неопходно е рестартирање на центри за дијабетес, во здравствените установи каде постоеле, во некои од регионите и како регионални центри за дијабетес,“ бара СЗДМ.

