Денеска ќе биде сончево и топло додека утре најави за дожд

Објавено: 8 септември, 2026, во 09:00 часот

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени.

Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Утре и задутре претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа се најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштија од Управа за хидрометеоролошки работи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.