Тешка сообраќајна несреќа со починат возач вчера кај село Дорфулија, во Општина Лозово

Објавено: 11 септември, 2026, во 13:59 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Сообраќајката се случила околу 14 часот на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на клучка за село Дорфулија. Таму патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(47) од Куманово, излетало од патот. 

„Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Т.С.(44) од Куманово, констатирани во Општа болница Велес,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Штип.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.